Охридскиот фудбалски клуб ја официјализираше соработката со Роберт Митев. 26-годишниот фудбалер со „рибарите“ потпиша шестмесечна соработка, со опција таа да продолжи уште една година, по завршување на тековната сезона.

Митев со искуството и квалитетот треба да биде големо засилување за офанзивниот дел во екипата. Фудбалерот со напаѓачки квалитети во Охрид доаѓа од струмичка Беласица каде ја помина минатата полсуезона, а претходно три години настапувал за кавадаречки Тиквеш.

Новиот фудбалер ги помина подготовките со охридскиот и клуб ги одигра сите тест натпревари. Во една од нив успеа и да се запише во листата на стрелци.

OhridNews