Полскиот голгетер Роберт Левандовски се закити со наградата фудбалер на сезоната од страна на Европската фудбалска организација (УЕФА). Левандовски убедливо победи во изборот освојуваќи 477 гласови.

„Баварците“ со Левандовски во нападот освоија тројна круна триумфирајќи во Бундес лигата, националниот Куп и Лигата на Шампиони. Полјакот брилираше со 55 голови во 47 натпревари и заслужено се најде на тронот.

Кај дамите наградата за најдобра фудбалерка ја освои Пернил Хардер од германскиот клуб Волфсбург.

Тренер на годината во машка конкуренција е Ханс Флик од Баерн Минхен, додекај кај дамите најдобар тренер е Жан Лук Васеур.

OhridNews