Полскиот пилот Роберт Кубица следната сезона ќе се врати во елитното Формула 1 друштво, откако го официјализираше договорот со тимот на Вилијамс.
33-годишниот Кубица пред осум години на Рели трката во Андора имаше страотна сообраќајна несреќа. Полјакот после неколкудневна неизвезност и дузина операции на телото и главата преживеа, но мораше да се откаже од настап во Ф1 циркузот.
- Патот до враќањето во Ф1 беше многу тежок, но, она што изгледаше невозможно сега гледам дека е ралност. Ќе признаам искрено дека враќањето во Ф1 е едно од моите најголеми достгигнувања во мојот живот. – изјави Кубица.
#KubicaAnnounced pic.twitter.com/U4Lw6RdJO1
— WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) November 22, 2018
Кубица од 2006 до 2010 година беше дел од Ф1, а ги бранеше боите на БМВ Заубер и Рено. Во четири сезони полскиот пилот забележа една победа и еднаш стартувал од пол позицијата.
Парнтер на Кубица во Вилијамс ќе му биде Џорџ Расел.
OhridNews