Холивудскиот актер Роберт де Ниро наводно ќе игра во новиот филм на францускиот режисер Лик Бесон со име „Малавита“, пренеле американските медиуми. Бесон го адаптирал сценариото според книгата „Badfellas“ на Тонин Бенасквист.

Дејството на филмот следи еден пензиониран американски мафијаш кој живее во Франција со своето семејство во програма за заштита на сведоци. Тој им раскажала на локалните жители ви градот во кој дошол дека сака да напише историја за сојузничката инвазија во Втората светска војна.