Познатиот американски актер Роберт Де Ниро сведочел на суд против директорката на една галерија која ги продавала уметничките слики на неговиот татко. Ли Морс била обвинета дека продала две слики по значително поголема цена, и така за себе присвоила 77 илјади долари.
Тој рекол дека почнал да се сомнева во галеријата која го застапувала неговиот татко, а неговите сомневања станале оправдани кога слушнал дека сопственикот на галеријата претходно бил осуден за кражба на пари и уметнички дела, како и за измама на колекционери.