Американскиот актер и режисер Роберт Де Ниро ќе претседава со жирито на 64 фестивал во Кан, од 1 до 21 мај, соопштиле организаторите на фестивалот. Роберт изјавил дека со оглед на тоа што до сега два пати бил претседател на жирито, знае дека ќе има тешка задача за него и за неговите пријатели во жирито.
Додал дека е почестен и среќен поради улогата која му била доверена. Де Ниро е третиот американец во четири години кој претседава со жирито на престижниот фестивал, по режисерот Тим Бартон и акерот Шон Пен.