Американскит актер Роберт де Ниро и неговите бизнис партнери го отворија во Манила првиот „Нобу“ хотел во Азија. Хотелот во Манила има 321 соба и казино, а бил отворен во придружба на звуци од традиционална филипинска музика. Присутните биле изненадени од огромниот дожд од конфети.

 

Роберт де Ниро и директорот на хотелот, холивудскиот продуцент Меир Тепер, ја пресекле лентата и отвориле шампањско заедно со австралискиот милијардер Џејмс Пекер. Познатиот актер рекол дека не само што го позајмил своето име „Нобу“ за брендот, туку и лично учествувал во тој проект. За две години во светот се отворени соум објекти од овој ланец луксузни хотели.