Американскиот актер Роберт де Ниро планира да отвори луксузен хотел во Лондон, соопшти славниот актер на социјалните мрежи. Доколку се одобри градежна дозвола, Де Ниро планира да изгради хотел Велингтон со 83 соби, како и спа центар и два ресторани.

 

Двојниот Оскаровец за филмовите „Кум 2“ и „Разлутениот бик“, кој има 72 години, изјави дека Лондон е еден од највозбудливите градови на светот и сосем е логично да изгради хотел во срцето на тој град. Де Ниро вели дека доколку се оди според планот, хотелот би можел да биде завршен до крајот на 2019 година.