Холивудскиот актер Роберт де Ниро изјавил дека не му е жал што не завршил средно училиште, бидејќи тоа била предност. Актерот кој пред два дена добил почесна диплома по применети уметности изјавил дека напуштањето на училиштето била добра работа за неговата кариера. Изјавил дека е малку глупаво што чекал досега да заврши факултет, но на крајот се излегло како што треба.
Тој додал дека и неговата мајка сигурно сакала да има диплома од високо образование. Рекол дека би била горда кога би го видела синот кој го напуштил средното училиште како сега прима диплома за почесен доктор по применети уметности.