Легендарниот холивудски актер Роберт Де Ниро и неговата сопруга Грејс Хајтауер надвор од судот се спогодиле со дадилката да и исплатат износ од 30 илјади долари за прекувремена работа како и за работа за празници, колку што таа тврдела дека и должат. Нејзиниот адвокат Алекс Бери ги предал документите на врховниот суд уште 2009 година, наведувајќи дека Де Нирови не и платиле за прекувремената работа за 2006 и 2007 година.
Дадилката на почетокот барала 40 илјади долари, но со вонсудската спогодба која ја направиле двете страни се договориле за цифра од 30 илјади долари, што го спречило понатамошното судење и навлегување во детали за случајот.