Американскиот актер Роберт де Ниро изјавил дека ќе ја поддржи Хилари Клинтон, веројатниот кандидат на демократите на следните претседателски избори во САД, истакнувајќи дека жена лидер е токму она што сега и е потребно на државата. Двојниот оскаровец во интервју за „Дејли бист“ изјавил дека има намера да ја поддржи, сеуште неофицијалната кандидатура на Клинтон на изборите во 2016 година.
Роберт, долгогодишен подржувач на Демократската партија, рекол дека заслужила, и дека нема да изненадувања бидејќи таа заслужува да биде претседател и лидер на земјата во овој момент. Додал дека покрај тоа таа е жена, што е многу важно бидејќи нејзиниот поглед на нештата можеби е она што сега и треба на државата. Инаку, актерот и претходно поддржувал претседателски кандидати на Демократската партија меѓи кои се Ал Гор во 2000 и Џон Кери во 2004 година. Се очекува Хилари Клинтон официјално да ја започне претседателската кампања следната седмица.