Актерите Роберт де Ниро и Бредли Купер, кои заедно настапувале во трилерот „Безгранично“, преговараат за улоги во филмот “The Silver Linings Playbook”. Главната женска улога во филмот ќе ја толкува Џенифер Лоренс, која била номинирана за Оскар за улогата во филмот “Winter’s Bone”.
“The Silver Linings Playbook” ќе биде адаптација на истоимениот роман на Метју Квик. Тоа е приказна за поранешен професор во средно училиште кој е сместен во ментална болница поради депресија, а по излегувањето за него се грижи неговата стара мајка. Тој се обидува повторно да ја освои поранешната сопруга, но стапува во врска со ексентрична соседка која има сопствени проблеми.