Легендарните холивудски актери Роберт де Ниро и Ал Пачино планираат да снимат уште еден мафијашки филм заедно, пренесуваат светските медиуми. Актерите, кои слава стекна во филмовите како „Кум“, „Казино“, „Таксист“ и „Серпико“, планираат уште еднаш да се остварат во улогите на мафијашки шефови во филм кој носи наслов “I hear you paint houses”. Филмот ќе го режира Мартин Скорсеже, а освен Де Ниро и Пачино, во него ќе глуми и Џо Пеши, кои исто така се испроба во неколку жанровски слични филмови.
Снимањето ќе почне во јануари следната година, а сценариото е базирано врз истоимениот бестселер на адвокатот Чарлс Брандт, заснован на животот на убиецот Ширено, кој призна да извршил 25 убиства за мафијата. На Роберт му е доверена улогата на платениот убиец Ширен, додека сеуште не е позната улогата на Ал Пачино.