Во филмот “Being Flynn”, кој наскоро би требало да се појави во кината, Роберт Де Ниро игра бездомник, а со цел што подобро да ја одигра својата улога, славниот актер провел извесно време во едно засолниште за луѓе без покрив над главата. Според американските медиуми, Де Ниро така добро се маскирал, што успеал со еден од одговорните во засолништето да започне разговор за самиот себе.


Холивудскиот актер маскиран во бездомник прошетал и по сиромашниот кварт во Њујорк, за да стекне искуство на човек за кој никол не се грижи. Де Ниро е познат по тоа што сака да навлезе во светот на ликот кој го толкува. Така за филмот „Разлутениот бик“ се здебелил дури 30 килограми за што подобро да го одглуми ликот на боксерот Џејк Ла Мота.