Познатиот актер Роберт Де Ниро во 60-тите години со автостоп дошол во српското село Чокот во близина на Ниш. На сега покојниот земјоделец Радован Докиќ му помагал да собира домати. Таму останал три дена па заминал за Грција.
По патот го ограбиле па се вратил во Србија да моли за помош. Радован наводно му позајмил 470 тогашни динари. Неговиот роднина, исто така Радован се сетил на посетата на Де Ниро и на анегдотата кога му објаснувале дека доматите се берат црвени, а не зелени.