Роберт де Ниро (68) и неговата сопруга Грејс Хајтауер (56) добиле ќерка преку сурогат мајка, соопштиле светските медиуми. Девојчето ќе носи име Хелен Грејс Хајтауер де Ниро.

Парот, кој се запознал во 1997 година веќе го има 13-годишниот син Елиот. Де Ниро има и посвоена ќерка со поранешната сопруга Дајана Абот, како и два сина близнаци со поранешната девојка Туки Смит.