Холивудскиот актер Роберт Дауни Џуниор и неговата сопруга Сузан Левин го добиле своето прво дете. Момчето, кое добило име Екстон Елиас Дауни на свет дошло пред два дена.
Екстон е втор син на Роберт Дауни Џуниор, кој од првиот брак со Дебора Фалконер го има синот Индија. Роберт и Сузан се венчале во 2005 година по две години врска.