Ѕвездата на филмовите „Ајрон Мен“ и „Осветници“, Роберт Дауни Џуниор, е втора година по ред најплатен актер во Холивуд со заработка од 75 милиони долари според листата на Форбс. Оваа 49-годишна ѕвезда најголема заработка остварила од јуни 2013 до јуни 2014 од филмот „Ајрон Мен 3“, кој на благајните заработил 1,2 милијарди долари. Поранешниот борач Двејн “The Rock” Џонсон, кој глуми во филмовите “G.I. Joe: Retaliation” и „Fast and furious“ оваа година скокнал од петтото на второто место со заработка од 53 милиони долари.

Следува Бредли Купер со 46 милиони долари. Ѕвездата на филмот “Волкот од Волс Стрит“, Леонардо ди Каприп исто така имал доходовна година со два хит филмови и дошол на четвртото место со 39 милиони долари, додека австралискиот актер Крис Хемсворт е зад него со 37 милиони долари. Марк Валберг кој минатата година бил на четвртото место, оваа година исто така е меѓту првите десет заедно со Вил Смит. Тие заработиле по 32 милиони долари.