Холандските фудбалери Аријен Робен и Весли Снајдер го напуштија кралскиот Реал Мадрид.

Робен (25) во наредните четири години ќе го носи дресот со број 10 во Баерн од Минхен, додека Весли Снајдер пак ќе го облече дресот со број 10 на Интер.

Робен викендов ќе дебитира против шампионот Болсфург, додека Снајдер на Сан Сиро ќе истрча против Милан.

Реал за двајцата фудбалери инкасираше околу 40 милиони евра. 25 за Робен, 15 за Снајдер.

ohridnews