Арјен Робен дефинитивно не може без фудбал. Поранешниот ас на Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја прекина фудбалската пензија и официјализираше соработка со својот матичен клуб, Гронинген. Робен се обврза на едногодишна соработка.

Никогаш не вели никогаш, тоа е мое мото. Можеби за еден или два месеци ќе се чувствувам како да ми недостасува многу и да одлучам да се вратам во светот на фудбалот. Не ми олеснува како што одминува времето, но сепак не верувам дека има голема шанса да се вратам. Повлекувањето беше најтешката одлука што морав да ја донесам во мојот живот. – изјави Робен.

Левоногиот фудбалер имаше блескава кариера а враќањето во фудбалот може да се спореди само љубов и страст кон својот матичен клуб.

OhridNews