Англиското мега дерби Манчестер Јунајтед – Ливерпул, во рамките од 34-та рунда во англиската Премиер лига не се одигра, откако, навивачите на домашниот состав се пробија на „Олд Трафорд“ и ја загрозија безбедноста на фудбалерите, стручниот штаб и логистиката. Навивачите на „црвените ѓаволи“ на тој начин го искажаа незадоволството од работењето на семејството Глејзер, кое е доминантен сопственик на клубот.

Сите сме разочарани што не се одигра дерби натпреварот. На навивачите од Манчестер Јунајтед му е преку глава и јас целосно ги разбирам и поддржувам. Поддржувачите ова го прават бидејќи го сакаат овој клуб. Тие не го прават ова како последица од формирањето на Супер лигата, туку незадоволство се таложело години наназад, а деновиве ескалира ситуацијата. На раководството од клубот не им беше важен гласот на навивачите, туку клупската сметка која се полни без проблем. – изјави Рој Кин, кој голем дел од кариерата помина во дресот на Манчестер Јунајтед.

Тој додаде дека сигурен е оти навивачите ова го прават поради љубов кон клубот, најавувајќи дека ова е ова само почеток од еден бурен период на „Олд Трафорд“.

Од Премиер лигата соопштија дека мечот е одложен, а прецизен датум ќе биде дополнително објавен.

OhridNews

 

Обновено: Натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул одложен поради протест на навивачите