Ракометниот клуб Вардар повторно се најде на мета од вирусот ковид -19, откако еден од ракометарите добил позитивен резултатот на тестот. Среќа во несреќа е што останатите ракометари и членови од екипата се негативни и комплетно можат да се насочат кон тренинзите за претстојниот натпревар со Фленсбург во Лигата на Шампиони.

Резултатите од дополнителните тестови кај ракометарите и стручниот штаб се негативни. Позитивниот наш член се наоѓа во карантин со покачена телесна температура и лесна клиничка слика. – изјавија од Вардар.

„Вардарци“ в среда повторно ќе бидат тестирани бидејќи мора да се запази правилото да се тестираат ракометарите и стручниот штаб непосредно пред секој натпревар во ЕХФ Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ мечот со Фленсбург го играат во четврток.

OhridNews