РК Тинекс Пролет е следниот противник на гости на ГРК Охрид. „Гладијаторите“ се свесни за значењето на бодовите од овој натпревар кој доаѓа непосредно пред репрезентативната пауза.
Натпреварот со Пролет е од исклучителна важност. Целта е со нови три бода да заминеме на репрезентативната пауза, што ќе ни овозможи со чисти глави да се сконцентрираме на мечот со Варадар потоа. Во добра серија сме и се надевам дека ќе ја продолжиме, вели левиот бек Тимо Орјоникидзе.
Натпреварот се игра во сабота со почеток во 18:30 часот во салата „Македонско сонце“.
OhridNews