Екипата на Текстилец и по шест одиграни натпревари останува без победа во новата суперлигашката сезона. Охриѓани им го нанесоа петтиот пораз и ги оставија само со еден бод на долниот дел од табелата.

– Им честитам на охриѓани за сосема заслужената победа. Ние на стартот од двете полувремиња одигравме многу слабо што ни чинеше пораз. До крајот на мечот успеавме да ја намалиме разликата имавме и напад, но немавме сили за комплетен пресврт – рече тренерот на гостите, Павле Тодоров.

Според штипскиот стратег распоредот не бил баш наклонет кон неговиот состав затоа неговата екипа имала слаб почетокот во Супер лигата.

– Нашите редови се малку ослабнати бидејќи пред почетокот на сезоната ни заминаа неколку првотимци. И распоредот на стартот од шампионатот не беше на страна и мислам дека во втората полусезона ќе покажаме вистинското лице – заврши Тодоров.

Мх.П.