Ракометниот расадник во Македонија, Струга дека нема да биде член во Супер лигата. Ракометната федерација на редовното годишно собрание соопшти дека тие клубови кои нема да се трансформираат во акционерски-трговски друштва нема да имаат право за настап во елитниот ракометен крем.
– Законот за спорт кој РФМ треба да го спроведе за трансформација на клубовите во акционерски друштва е нереален за условите кои ги имаме ние. За да се обезбеди учество во Супер лигата потребни се минимум 50 000 евра, кој некој од акционерите треба да ги обезбеди. Ние како клуб не сме моќни да ги собериме тие средства, а мислам дека уште неколку во Македонија се на исто рамниште како нас. Со такви проблеми лигата може да биде нерегуларна и ќе заработиме драстични казни од Европската куќа на ракометот – рече претседателот на Р.К. Струга, Наум Угреновиќ.
Минатата сезона Струга со победата на Битола во бараж средбата обезбеди пласман во Супер лигата, а учествуваа и на меѓународниот турнир кој се одржуваше во нивниот град, но на крај навивачите и симпатизерите ќе се мораат да се задоволат со прволигашките, а не супер лигашки ракомет.
Мх.П.