Екипата на Радовиш за поразот од Охрид (21-17) во „Билјанини Извори“ во рамките од 16-та рунда од Супер лигата ја обвини судиската двојка од Гостивар, Зипевски – Ѓоргиески.
Тие револтот од тендециозното судење го искажаа преку официцјалната страна на „Фејсбук“, иако нивниот тренер во изјавата после натпреварот не потенцираше ништо за судењето.
Со неуспехот во Охрид да останат непоразени ракометарите на Радовиш ги загубија шансите за пласман во разигрувањето кое носи мечеви со Металург и Вардар.
Мх.П.