Охридскиот состав со желбата за надигрување и победа ги освои симпатиите на гостинскиот тренер Абдула Јусуфоски, а атмосферата на трибините е веќе вообичаена кога се работи за охридската публика.

– Пријатно сум изненаден од домашната екипа, која покажа голема желба за победа, а и неможе да биде поинаку пред ваква публика. Охрид сосема заслужено има екипа во Супер лигата, но се надевам дека следната сезона ќе биде поквалитетен и ќе бидат во другиот ранг од натпреварувањето – потенцираше гостинскиот стратег.

По поразот од „гладијаторите“ ракометарите на Преспа се спуштија една позиција подолу на табелата.

Мх.П.