Летниот преоден рок за доведување на нови ракометари екипите од Супер лигата го користат максимално. Што пак не е случај со охридскиот ракометен клуб кој до сега нема доведено ниту едно засилување.


Управата на Охрид ги продолжи договорите со Кирил Колев, Мите Караиванов, Иван Тасески, Валентино Белевски, Крсте Андоновски, Крсте Костески, Горан Печенковски, а Бојан Белевски, Константин Вешоски, Борче Соколов и Милан Левов ќе си ја пробаат среќата надвор од „Билјанини Извори“.

Бековите Белевски, Левов и Соколов  засилија клубови кои се конкуренти на „гладијаторите“ во високите амбиции во Супер лигата што уште повеќе загрижува додека Вешоски продолжува во Франција.

Охридскиот клуб се уште официјално не го продолжил договорот со тренерот Горан Андоновски на кој му е истечен договорот по завршување на минатата сезона.

Според нашите информации охридскиот суперлигаш преговара со одредени ракометари кои се потенцијални засилувања, но ништо за сега нема конкретно.

Во преостанатите два месеци од стартот на возбудувањата во Супер лигата и месец дена пред почетокот на подготовките ракометниот клуб Охрид треба да ги засука ракавите и да се активира на трансфер пазарот.

Минатата сезона на „белите“ за малку им избега пласман во плејофот, но оваа противниците се далеку поквалитетни и пласман во разигрувањето за титулата ќе биде бинго за охриѓани.

Мх.П.