Ракометниот клуб Охрид го освои бронзениот медал на меморијалниот турнир во Прилеп победувајќи го домаќинот 37-30 (18-11) во малото финале.


Ефикасноста во нападот на „гладијаторите“ и добрата одбрана им донесе предност од седум погодоци после првиот дел (18-11).

Во второто полувреме избраниците на Горан Андоновски ја задржаа предноста и го освоија бронзениот медал.

Десниот бек Лазар Адамовиќ постигна 12 голови, средниот бек Марко Кобетиќ 9, а одново во елемент беа крилата Бобан Блажески односно Крсте Андоновски реализирајќи по пет голови.

Петто место на меморијалниот турнир во Прилеп во чест на Миле Нешковски му припадна на Борец кој со 27-25 го совлада Тинекс Пролет.

Во финалето од второто издание на турнирот ќе се сретнат градските ривали од Битола, Пелистер и Работник.

OhridNews