Ракометарите на Охрид попладнево пред своите гледачи извојуваа победа во последното коло од плеј-аутот во Супер лигата, совладувајќи го Вардар јуниор со 37:26, полувреме 18:15.

 

Со оваа победа Охрид заврши на првата позиција на плеј-аут табелата и заедно со Струга, Вардар јуниор и Радовиш и наредната сезона ќе се натпреварува во елитното друштво.

Во составот на Охрид најпрецизен беше Мартин Ивановски со 7 голови, 6 постигна капитенот Крсте Андоновски а еден помалку реализираше Златко Везенковски. Кај „вардарци“ девет голови постигна Дејан Кукуловски.

Од лигата испаѓа Борец а Прилеп ќе игра бараж, а старо – нов шампион е Вардар.

OhridNews