Ракометниот клуб Охрид  по спроведените исцрпни и сериозни анализи и напори за подобрување на рејтингот на клубот и неговите амбиции, за претстојната натпреварувачка сезона 2015/2016 во Супер лигата најавува дека сериозно ќе атакува на место во плеј офот и што повисок пласман во Купот на Македонија.

Во таа насока охридскиот клуб се засили со четири интернационални ракометари со кои ја потврдува желбата за високи дострели за сезоната која доаѓа. Нови ракометари се Дарко Павловиќ (десен бек), Јосип Кезиќ (лев/среден бек), Елдин Вражалица (пикер) и Малик Хогас (десно крило).

Павловиќ (28) висок е 198 и доаѓа од Србија. Минатите сезони ги има поминато во грчките Филипос и Дикеас, а претходно има настапувано за Уб, Башк, Металац, Лесковац и Лазаревац.

Универзалниот хрватски бек Кезиќ (24) во својата кариера има настапувано во Сплит, Цриквеница и Метковиќ, а има акумилирано големо искуство со играњето во Челенџ Купот.

Вражалица (25) ќе ја засили конкуренцијата на пивотменската позиција. Тој минатата сезона во грчкото првенство беше избран за најдобар пикер. Во родната земја Србија ги има брането боите на Златар, Прибој и Нови Пазар.

Десното крило Хогас (27) од Франција е последното четврто засилување кое охридскиот клуб официјално го промовираше.

По завршувањето на минатата сезона охридскиот ракометен клуб ги обнови договорите со Кирил Колев, Крсте Костоски и Кирил Пецаков,  Горан Печенкоски, Мите Караиванов и Валентино Белески, Крсте Андоноски, Иван Тасески .

Воедно, при крај се преговорите со уште неколку домашни играчи кои би требало уште повеќе да ја засилат конкуренцијата на сите позиции, со што клубот би имал исклучително конкурентен состав во борбата за остварување на зацртаните цели.

Подготовките стартуваат на 05 Август во Охрид, а од управата најавуваат дека согласно планот за припреми на Андоноски сите услови за идеално спроведување на подготовките се веќеобезбедени.

Тренер на првата екипа останува Горан Андоновски додека улогата спортски директор на клубот ја презеде Ѓоко Апостолов.

Ohridnews