Ракометниот клуб Охрид се засили со двајца ракометари, откако договори соработката со Славиша Димитријески и Александар Босеоски.
Реализираните трансфери се прв потег на новата охридска управа која беше избрана неодамна. Димитријески кој дејствува на средната бековска позиција и левото крило кое тренираше со Охрид потпишаа договор на сезона и пол.
Новите ракометари ќе треба да бидат од голема помош за екипата за престојните четири натпревари од регуларниот дел од Супер лигата и плејоф мечевите кои следуваат.
Неофицијално деби пред охридската публика новите две засилување ќе го имаат в петок против Еурофарм Работник во контролниот натпревар кој започнува во 20 часот.
OhridNews