Покрај учеството во Супер лигата охридскиот ракометен клуб се фокусира на младинскиот погон кој е темел на еден успешен спортски колектив.
– Втор сегмент на кој што ние како ракометен клуб сме најмногу фокусирани е младинската школа од која сме апсолутно сме задоволни како работи. Подмладокот е темел на секој клуб затоа ние претпазливо и фокусирано работиме со најмладите – рече Димитар Спасески првиот човек на охридскиот клуб.
За што поголем интерес за ракометот и повеќе број на дечиња во охридскиот клуб ќе се анимираат и професорите по Физичка култура и образование.
– Ние веќе започнавме проект со професорите по физичка култура за откривање на ракометни таленти кои ќе бидат дел од нашиот клуб. А наша обрска ќе биде да работиме по светски терк со дечињата и тие еден ден да бидат предводници на нашиот клуб – додаде Спасеки.
Охридскиот клуб ги отвора вратите за сите заинтересирани дечиња кои сакаат да бидат дел од успешната ракометна приказна.
Мх.П.