Во недела со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“ РК Охрид го игра натпреварот со Радовиш, последен од есенскиот дел од првенството во елитната Супер лига. Со победа охриѓани ќе испишат нова блескава страна во клупската историја, бидејќи ќе го потврдат лидерското место на табелата, односно за прв пат ќе станат есенски прваци во Супер лигата.

Охрид има голема шанса да се задржи долго на врвот на суперлигашката табела, бидејќи претстојната седмица игра уште два значајни натпревари пред своите навивачи. Во среда во Охрид, исто така од 18 часот, гостува Работнички, а во петок во салата „Билјанини извори“ се игра дербито Охрид – Работник, исто во 18 часот.

Одличните игри и успехот кој го постигна РК Охрид е причина повеќе почнувајќи од недела на мечот со Радовиш охриѓани да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и да им дадат поддршка на “гладијаторите“ на патот кон врвот во Супер лигата.

OhridNews