На отворањето на новата сезона во ракометната Супер лига, Р.К. Охрид забележа лесна и убедлива победа на гости против Работнички. „Гладијаторите“ славеа со 18:29, полувреме 6:17.

Најефикасен во составот на Р.К. Охрид беше Б. Блажески со 9 погодоци, Л. Адамовиќ постигна 5, а К. Андоноски и Ј. Младеновски по 3 гола.

Во второто коло Охрид повторно игра на гостински терен, во Битола против новиот суперлигаш Работник.

Г.М.