– Имаме многу тешка група, секоја победа во групата ќе биде изненадување. Одличен успех ќе биде Македонија да ја мине групната фаза, а се понатаму е вистинска премија. Навистина би сакал тоа да се случи, но мислам дека реалноста ќе биде горчлива за нашата репрезентација – велат од ракометниот клуб Охрид 2011.
Првиот натпревар во групата Македонија го игра против Франција во 18:15 часот. Според последните информации околу 600-700 македонците ќе ја бодрат репрезентација на првиот натпревар од ЕП.