Ракометниот клуб Охрид не е дел од екипите учесници на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој по втор пат од 25 до 27 август ќе се одржи во Прилеп.


Охридските ракометари минатата година на првото издание од турнирот триумфираа, откако подобри беа од Радовиш, Пелистер и домаќинот Прилеп.

„Гладијаторите“ со триумфот на турнирот во Прилеп ја наговестија возбудливата сезона која имаше историски епилог. Охрид за прв пат играше во плејофот од Супер лигата и учествуваше на завршниот викенд во Купот на Македонија.

Покрај домаќинот Прилеп на турнирот со меморијален карактер ќе настапат битолските суперлигаш Пелистер и Работник, велешки Борец, Тинекс Пролет и ракометниот клуб од Струга.

Турнирот за прилепските ракометари ќе биде генералка за настапите во ЕХФ купот, а за останатите екипи добра подготовка пред почетокот на новата сезона во Супер лигата.

Охриѓани триумфираа на меморијалниот турнир во Прилеп

OhridNews