Охридскиот ракометен клуб, нема да ја искористи опцијата за апликација за специјална покана за учество во квалификациите за пласман во Лигата на Европа. Клупската управа прво најави апликација за вајлд карта, но после детални анализи и разговори одлучи да не аплицира и во новата сезона да се фокусира на домашното првенство.
Целокупната ситуација влијаеше да донесеме ваква одлука. Ние се надевавме дека пандемијата на вирусот Ковид -19 ќе се смири, гледачите ќе се вратат на трибините и европските мечеви ќе видат вистински празник во Охрид. Плановите и програмагата за подготовките се направени и фокусирани сме на што подобар резултат во Супер лигата. – изјавија од клубот.
Охрид останува со едно учество во европските купови во последниве десеттина години. „Гладијаторите“ дел од квалификациите за пласман во тогашниот КУП на ЕХФ беа во 2017 година кога прво го поминаа холандски Волендам а потоа изгубија од португалскиот гигант, Порто.
OhridNews