Охридските ракометари в сабота со почеток во 19 часот против Преспа ќе го одиграат првиот натпревар во „Билјанини Извори“ од новата сезона.
Секој погодок, секој бод сезонава е од големо значење бидејќи охридскиот состав има големи амбиции, а тие се пласман во првата четворка на која им се приклучуваат Вардар и Металург.
– Ракометарите на охридскиот прволигаш РК Охрид 2013 в сабота ја имаат својата премиера пред домашната публика во ВИП машката супер лига. Гладијаторите мотивирани како никогаш до сега влегуваат во овај дуел. За постигнување на целта – победа над РК Преспа потребен им е и стимул од фановите како ветар во нивниот грб. Затоа на 27.09.2014 (сабота) во 19 часот, во СРЦ „Билјанини извори“, сите на ракомет да ги бодриме нашите гладијатори и да бидеме мотивот за нивна победа – стои во соопштението од клубот.
Во првиот натпревар сезонава од Супер лигата охридските ракометари освоија еден бод на гостувањето во Прилеп ремизирајќи против истоимената екипа.
Мх.П.