Во завршницата од оваа сезона Ракометниот клуб Охрид на големо се подготвува за следната, кога за прв пат ќе настапи во натпреварување со европски карактер и на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
За почеток, охридскиот клуб речиси комплетно го задржа костурот на екипата од оваа сезона, откако после хрватите Јосип Кезиќ и Марко Кобетиќ, Бобан Блажески и голманот Александар Стојановски нови договори потпишаа и македонскиот репрезентативец и најдобриот поединец во тимот Благојче Трајкоски, Бојан Спасовски и српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ, а со стипендија награди осум ракометари од пионерската-младинската екипа која го освои бронзениот медал на завршниот турнир кој се одржа во Охрид.
Од клубот информираат дека управата преговара со ракометарите кои се дел од моментално од екипата и со други играчи кои се на листата на трансфер желби.
Новите договори и екипирањето на охридскиот клуб ќе биде ветар во грб пред учеството викендов во фајнл фор завршницата во Купот на Македонија и последните мечеви од плејофот во Супер лигата.
OhridNews