Ракометниот клуб Охрид по завршување на втората сезона во Супер лигата веднаш ги започна подготовки за следната потпишувајќи нови договори со четири играчи.
Со сигурност следната сезона во охридскиот дрес ќе бидат голманот Кирил Колев, најновата аквизиција Мите Караиванов и ракометарите од домашно производство Крсте Андоновски и Иван Тасески.
Исто како во втората така и во третата сезона во суперлигашкото друштво охридскиот клуб има амбиции за пласман во мечевите за разигрување на титулата.
Со останатите играчи кои беа дел од екипата во сезоната што заврши управата на клубот има прелиминарни разговори или пак допрва ќе се водат.
Ohridnews