Новото првенство во ракометната Супер лига започнува на 17-ти септември. Охриѓани во првото коло му гостуваат на Работнички во Скопје, а ждребката која беше извршена денеска во просториите на РФМ одлучи и вториот натпревар “гладијаторите“ да го играат на гости, овојпат во Битола кај Работкик.
Во третото коло Охрид пред своите навивачи ја пречекува екипата на Борец.
Еве го распоредот на РК Охрид во есенскиот дел од првенството:
1 коло: Работнички – Охрид
2 коло: Работкик Охрид
3 коло: Охрид – Борец
4 коло: Преспа или Металург 2 – Охрид
5 коло: Охрид – Вардар Јуниор
6 коло: Пелистер Охрид
7 коло: Охрид – Прилеп
8 коло: Пролет – Охрид
9 коло: Охрид – Радовиш
OhridNews
Преспа и Металург 2 ќе играат бараж за испразнетото место во Супер лигата