Десното крило Петар Николиќ и охридскиот ракометен клуб се разделија по само четири месеци соработка.


Николиќ, кој пристигна како засилување на десната крилна позиција почна одлично и донесе бод за „гладијаторите“ во првиот натпревар во Прилеп, но во продолжението од сезоната имаше „топло ладно“ перформанси.

Искусното крило е втор ракометар, кој е ослободен од клубските обврски по пивотменот Даниел Трајчески, кој пак не го ни дочека крајот на првата полусезона.

Охридскиот стратег Горан Андоновски на десната крилна позиција остана само со Аце Трифуноски, а за очекување во клубот да се врати Никола Мирков, кој поради повреда на коленото паузираше шест месеци.

Пред неколку дена охридските сини ги почнаа подготовките за пролетната полусезона во Супер лигата.

Мх.П.