Ракометниот клуб Охрид продолжува без Мите Караиванов во составот откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
Караиванов не успеа целосно да се опорави од повредата на левото колено која го оддалечи теренот речиси цела полусезона.
– Неговото опоравување од повредата не одеше според планираното, а стартот на мечевите во Супер лигата е се поблиску. Разгледавме некои опции и со Караиванов заклучивме дека најдобро е пријателски да ја завршиме соработката. – изјавија од клубот.
Управата на охридскиот клуб разгледува неколку опции за засилување на бековската позиција каде што дејствуваше и Караиванов.
За три седмици „гладијаторите“ продолжуваат во Супер лигата, а месец дена подоцна стартуваат мечевите од плејофот.
OhridNews