Ракометниот клуб Охрид натпреварите во Супер лигата ќе ги продолжи без Дарко Георгиевски во составот откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

Георгевски во тимот на Охрид пристигна пред почетокот на сезоната,  а замина непосредно пред дуелот со Прилеп кој охридските ракометари го добија со 35-19.

  • Со управата на клубот се разделивме најпријателски. Најпрво сакам да им се` извинам на „Рибарите“ што не ги поздравив после мечот со Струга. Мојот однос према нив не беше спортски и професионален и уште еднаш им се извинувам, а обвинувањата дека не сум се`  ангажирал доволно категорично го отфрлувам. Претходните неколку недели имав конфликт со тренерот, бев на мета на негови критики иако екипно имавме добра полусезона. Одлуката на управата како што кажав и претходно ја прифатив и се разделивме најпријателски. За работата на тренерот и неговите замисли не се мешам, за тоа ќе си каже управата. На играчите им посакувам многу среќа понатака, а на „Рибарите“ ги охрабрувам и понатаму да бидат двигател на спортските успеси на РК Охрид. – изјави Дарко Георгиевски.

Ракометарите на Охрид претпоследниот дуел од регуларниот дел во Супер лигата ќе го одиграат во среда  со почеток во 19 часот на домашен терен против Еурофарм Работник.

OhridNews