Ракометниот клуб Охрид и управата пред завршување на тековната сезона во Супер лигата почна да кова планови за следната во која „гладијаторите“ треба да се искачат едно скалило погоре.
Управата на охридскиот суперлигаш веќе има остварено средби со моменталните играчи во клубот и за очекување е да се задржи костурот на екипата од пролетниот дел од полусезоната.
Амбициите и целите пред почетокот на оваа сезона беа пласман во плејофот од Супер лигата, а малку фалеше тие да станат и реалност.
Грешките од есенскиот дел од полусезоната скапо ги плати охридскиот клуб со пласман во плејаут лигата каде сите екипи се класа подолу од квалитетот на „гладијаторите“.
Управата и играчите се решени да ги исправат грешките од сезонава и во следната да бидат дел од завршницата од ракометната елита.
Ohridnews