Ракометниот клуб Охрид го ослободи пивотменот Даниел Трајчески од понатамошните обврски према екипата и е слободен играч.
Тој охридските редови ги засили од Куманово и откако пристигна не импресионираше со своите настапи во дресот на Охрид.
Трајчески беше едно од петте засилувања кои пристигнаа во Охрид пред почетокот на сезоната заедно со Кирил Колев, Петар Николиќ, Костантин Вешоски и Горан Печенковски.
Охридскиот клуб со овој потег јасно стави до знаење дека секој кој нема да ги задоволи критериумите ќе биде остранет од екипата.
„Сините“ в сабота во Радовиш против истоимената екипа ги очекува клучниот меч сезонава во Супер лигата.
Мх.П.