Ракометниот клуб Охрид ги отвара вратите за најмладите почнувајќи со уписи на нови членови за новата сезона за дечиња од 2003 и помлади.


Заинтересираните кои сакаат да му придружат на охридскиот клуб можат тоа да го направат секој понеделник (19:30ч) и вторник (20:30ч) во спортската сала во склоп на училиштето Григор Прличев.

Ракометарите во Охрид имаа светла иднина бидејќи клубот кој се натпреварува во Супер лигата црпи таленти од школата.

Од кадетската екипа минатата сезона двајца ракометари добија прилика за настап во Супер лигата што доволно говори за квалитетот на школата.

Ohridnews