Женскиот ракометен клуб Моби Дик се наоѓа пред портите од Супер лигата, а да помине низ нив треба да го совладаа тимот на Чаир.
– Имаме шест бодови предност на три натпревари до крајот од шампионатот. Со победата над нашиот ривал Чаир ќе се доближиме до Супер лигата затоа ни е потребна поддршката од публиката. Секој бод сега е драгоцен, но ние одиме на сите три не ни размислуваме за друг исход од натпреварот – рекоа од клубот.
Мечот се игра в сабота со почеток во 19 часот и влезот е слободен.
Мх.П.