Дисциплинската Комисија на РК Металург го суспендира Дарко Станиќ.

-Одлуката за суспензија е донесена по пријава на Претседателот на У.О. на РК Металург, Ристо Чокрев (во име на клубот) и помошникот тренер на РК Металург, Александар Петровски, за сторен дисциплински прекршок на меѓународниот натпревар против екипата на Динамо Минск. Изречена е автоматска суспензија на ракометарот Дарко Станиќ, што ќе трае до завршувањето на дисциплинската постапка и изрекувањето на конечната казна.-соопшти клубот.

OhridNews